Синот на Дејвид Бекам не му честиташе на татко си за високата титула: Дали ова е официјален крај на нивните складни семејни односи?

Синот на Дејвид Бекам не му честиташе на татко си за високата титула: Дали ова е официјален крај на нивните складни семејни односи?

Објавена во: Совети // Семејство

Сер Дејвид Бекам призна дека денот кога ја добил титулата витез бил „исклучително емотивен“. 

Поранешниот фудбалер (50) ја прими оваа висока чест од кралот Чарлс Трети во замокот Виндзор, за заслуги во спортот и хуманитарната работа. На церемонијата присуствуваа неговата сопруга, лејди Викторија (51), како и неговите родители Тед и Сандра.

Кралот, следејќи ја традицијата, го допрел Бекам со меч по двете рамења, додека тој клечел и му се поклонил. Настанот беше вистински семеен момент – присутни беа и неговите деца Ромео (23), Круз (20) и Харпер (14), но најстариот син, Бруклин, повторно отсуствуваше.

Според британските медиуми, Бруклин (26) не стапил во контакт со својот татко и не му честитал на достигнувањето. Наместо тоа, бил зафатен со промоција на својот бренд лути сосови „Cloud23“. Весникот The Sun наведува дека меѓу таткото и синот владее тивка семејна напнатост, што дополнително ја зголемило дистанцата меѓу нив.

Дејвид, сепак, во изјавата за медиумите нагласи дека не дозволува ништо да го засени овој момент:

„Ова беше ден полн со емоции и гордост. Имаше солзи, но и радост. Фактот што мојата сопруга и родителите беа покрај мене го прави овој ден уште посебен.“

И покрај семејните недоразбирања, Викторија и Дејвид продолжуваат да го поддржуваат својот син, па дури и неодамна го „лајкнаа“ неговото видео на Инстаграм. Можеби тоа е знак дека меѓу Бекамови повторно ќе се воспостави семејна хармонија.

Извор: still.kurir / EPA 

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: