Споменик за нераскинливата врска меѓу човекот и кучето: Соња Симоноска првпат го доживеала најголемото сведоштво на љубов

Споменик за нераскинливата врска меѓу човекот и кучето: Соња Симоноска првпат го доживеала најголемото сведоштво на љубов

Објавена во: Stars // Интервјуа

Приказната за Боби и Џон не е само приказна за едно куче и неговиот сопственик. Таа е доказ дека љубовта и верноста немаат зборови, но говорат најгласно. Во свет каде што лојалноста понекогаш се губи, животните не престануваат да нè потсетуваат на она што е најчовечно во нас. А токму кучињата со нивната несебична љубов се најискрените огледала на душата.


Љубовта меѓу Боби, човек со чиста душа и Џон, куче со големо срце е овековечена со споменик кој се наоѓа во Единбург, Шкотска и е сведок за нивната нераскинлива врска. Соња Симоноска, која иако има посетено многу земји, првпат го доживеала најголемото сведоштво на љубов.


-Кога ќе застанете пред споменикот ве одзема мислата дека од сите суштества со кои го делиме животот, малкумина се толку верни, лојални и емотивно поврзани со човекот како кучето. Уште од дамнина, ова прекрасно животно не било само чувар, ловец или придружник – туку и вистински пријател кој љуби безрезервно и простува без услови – вели Симоноска и дополнува дека многу приказни низ историјата сведочат за оваа нераскинлива врска, но малкумина останале толку длабоко врежани во срцата на луѓето како трогателната вистинска приказна за кучето Боби и неговиот сопственик Џон Греј.



- Џон бил ноќен чувар во градската полиција во Единбург, Шкотска. Заедно со неговото куче Боби биле неразделен пар, споделувајќи ги секојдневните предизвици и радости. Но, нивната заедничка приказна трагично се прекинала кога Џон ненадејно починал.Тоа што ја потресе и восхити јавноста е фактот што верниот Боби останал на гробот на Џон 14 години, сè до својата смрт во 1872 година. Во тие години, посетителите на блиското кафуле го хранеле и се грижеле за него, но ништо не можело да го оддалечи од местото каде што го почивал неговиот сакан сопственик. Боби на крајот починал од рак на вилицата, а по желба на многумина, бил закопан веднаш до Џон. Нивната неразделна врска добила и трајно обележје – споменик подигнат една година по смртта на Боби, токму пред кафанчето каде што добивал грижа од минувачите- посочува таа. 


Приказната е екранизирана во неколку филмови, меѓу кои најпозната е верзијата „Greyfriars Bobby“ од 1961 година, продукција на „Дизни“, како и понова адаптација од 2005 година. Двете екранизации ја доловуваат суштината на безвременската љубов меѓу човек и куче, и ја пренесуваат пораката дека вистинската верност не умира – таа живее вечно, во срцата на оние што знаат да љубат

С.А.Н


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: