„Отидов во Дубаи поради луксуз и пари: Доживеав целосен колапс, овде нема живот“

„Отидов во Дубаи поради луксуз и пари: Доживеав целосен колапс, овде нема живот“

Објавена во: Stars // Интервјуа

Жена која се преселила во Дубаи во потрага по луксуз, се вратила во својата татковина – Велика Британија, бидејќи заработката повеќе не можела да го надомести она што целосно го изгубила.

Натали Гудол (32), самостојна инструкторка по голф, денес живее во Дорсет, откако животот во Дубаи ја исцрпел и ѝ го одзел уживањето во прочуениот луксуз на земјата. Првпат заминала таму на 18-годишна возраст, на пракса во една школа за голф.

На 21 година добила понуда за постојано работно место како помошен тренер во една од најдобрите школи за голф во светот, истовремено завршувајќи курс за да стане лиценциран тренер. 

Прво живеела кај пријателка од училиште, а потоа и нејзините родители се преселиле во Дубаи, бидејќи татко ѝ, вработен во нафтната индустрија, добил работа таму. По две години почнала да изнајмува сопствен стан со финансиска помош од родителите поради високиот депозит.

„Градот беше апсолутно прекрасен. Слободните денови ги минував на плажа, одев во Операта, на концерти, а роденденот го прославив во хотелот Бурџ Ал Араб. Голф-терените беа неверојатни, храната и услугата врвни,“ раскажува Натали.

Но, реалноста била поинаква од туристичката слика. Работела по 12 часа дневно, шест дена во неделата – до 80 часа неделно. „Не беше одржливо. Работев само за да преживеам. Во услужната индустрија работиш премногу.“

Во 2017 година го запознала својот партнер Вил Коан (34), а во септември 2019 се преселила во Британија и се вработила како тренер по голф во Гернзи. Девет месеци подоцна, Вил ѝ се придружил. Денес живеат во сопствена куќа во Вест Парли и, како што велат, посреќни се од кога било.

Кога го напуштила Дубаи, заработувала меѓу 25 и 30 илјади фунти годишно, но високите трошоци на живот ѝ го оневозможувале уживањето во луксузот по кој градот е познат.

Извор


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: