Љубов која ги победи сите граници: Ги победиле сите предизвици и се запишале во Гинисова книга на рекорди

Љубов која ги победи сите граници: Ги победиле сите предизвици и се запишале во Гинисова книга на рекорди

Објавена во: Совети // Семејство

Американците Лајл и Елеонор Гитенс ја запишаа својата љубовна приказна во историјата. 

Тие се запознале далечната 1941 година на Универзитетот Кларк во Атланта, а веќе следната година се венчале — и тоа за време на Втората светска војна, кога Лајл добил само три дена слободно од војската за свадбата.

Денес, со заеднички животен век од 216 години и 132 дена (тој има 108, таа 107), тие се најстариот жив брачен пар во светот и воедно најстариот брачен пар во историјата, според Гинисовата книга на рекорди.

По венчавката, Лајл бил распореден во Италија, додека Елеонор, веќе бремена, се преселила во Њујорк. Таму работела во фабрика за авионски делови и му пишувала писма кои често биле цензурирани од војската. По војната, двајцата конечно започнале заеднички живот во Њујорк, каде што ги добиле своите три деца.

Подоцна, и двајцата станале државни службеници, а Елеонор дури и докторирала на Универзитетот Фордхам на 69 години. Денес живеат во Мајами, блиску до ќерката Анџела, и велат дека се сè уште среќни и заљубени.

На прашањето за тајната на нивниот долг и хармоничен брак, Елеонор со насмевка одговорила:


Се сакаме.
А Лајл едноставно додал: „Ја сакам својата жена.



Извор 

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: