Силк Роуд Банка ја зајакнува дигиталната понуда со Visa Direct

Новата услуга овозможува моментален, безбеден и едноставен трансфер на средства директно на Visa картичка
Силк Роуд Банка ја претстави иновативната услуга Visa Direct, со која клиентите можат да испраќаат пари во реално време – само со број на картичка или телефонски број. Овој нов сервис претставува значаен чекор напред во дигитализацијата и унапредувањето на банкарските услуги во земјата.
Преку Visa Direct, Силк Роуд Банка овозможува брз, практичен и сигурен начин за трансфер на средства, без потреба од внесување комплицирани податоци или долги процедури. Средствата се префрлаат за само неколку секунди, без оглед на локацијата на примачот.
„Со воведувањето на Visa Direct, им овозможуваме на нашите клиенти да располагаат со своите пари на поефикасен и модерен начин. Оваа услуга е дел од нашата континуирана стратегија за дигитална трансформација и подобрување на корисничкото искуство,“ велат од Силк Роуд Банка.
Новата услуга се одликува со три клучни предности:
• Брзина – трансфер на средства во реално време
• Едноставност – испраќање пари со само неколку клика
• Безбедност – заштита според највисоките Visa стандарди
За да ја користат оваа функционалност, корисниците треба само да ја ажурираат мобилната апликација на Силк Роуд Банка, по што веднаш можат да започнат со користење на Visa Direct.
Дополнително, банката обезбеди и видео-упатство со детални чекори за користење на услугата, достапно на нивните официјални канали.
ПР објава