Писмо кое трогна илјадници мајки: Александра Шијакоска со емотивна порака за првиот роденден на синот

Познатата Александра Шијакоска го прослави првиот роденден на својот син со емотивна објава на Instagram што ја растопи јавноста. Со фотографии исполнети со нежност и семејна среќа, таа сподели искрено писмо до своето дете, во кое открива дел од болката и борбата што ѝ претходеле на најубавото поглавје во нејзиниот живот – мајчинството.
„Од мала замислував како ќе бидам мајка. Знаев дека тоа ќе биде исполнување на сите мои желби и соништа...“, започнува нејзината порака, во која открива дека пред само четири години ѝ била соопштена најтешката вест – дека можеби никогаш нема да стане мајка. Но, како што напиша, „Господ е добар и имал друг план, за мене и за тебе, сине“.


Александра откри дека токму вербата, волјата и љубовта ја држеле живa низ сите животни предизвици, а најголемата награда ѝ бил токму нејзиниот син.
„Мама се бореше со животот само за тебе, а животот ми те подари како награда“, напиша таа во емотивното писмо кое го заврши со зборовите: „Среќен прв роденден, те сака мама“.
Објавата беше проследена со топли семејни фотографии, а викендот зад нив остана резервиран за весела роденденска прослава.
Со својата искреност и скромност, Александра Шијакоска уште еднаш покажа дека зад јавните лица се кријат силни жени кои минале низ животни битки, но никогаш не се откажале од љубовта и надежта.
фото: инстаграм
