Од колку години децата треба да живеат самостојно – и како да ги подготвите за тоа

Од колку години децата треба да живеат самостојно – и како да ги подготвите за тоа

Објавена во: Совети // Семејство

Прашањето кога младите треба да се одвојат од своите родители станува сè поактуелно во општеството каде економските услови, културните навики и личната зрелост играат голема улога. 

Според психолозите, идеалното време за самостоен живот е помеѓу 22 и 26 години, кога младите веќе имаат доволно животно и образовно искуство за да носат одговорни одлуки.

Во Македонија, голем број млади остануваат под родителски покрив до доцните дваесетти, па дури и триесетти години – најчесто поради финансиски причини. Но експертите предупредуваат дека долготрајниот престој во родителскиот дом може да ја забави нивната лична зрелост и чувство за одговорност.

Психолозите советуваат родителите уште од тинејџерски години постепено да ги подготвуваат своите деца за самостојност – преку мали задачи, финансиска одговорност и одлуки кои ќе ги учат на реалниот живот. 

На пример, млад човек кој знае да се грижи за сопствените финансии, да готви, да си ја планира секојдневието и да се снаоѓа во административни обврски, полесно ќе направи чекор кон независност.

Одвојувањето од родителите не значи прекин на блискоста, туку премин кон зрел однос, каде младите учат да живеат на свои нозе, а родителите да им бидат поддршка, а не потпора.

Како што велат стручњаците: самостојноста не започнува со клучот од нов стан, туку со воспитувањето и довербата што родителите ја всадуваат од мали нозе.

Freepik

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: