Важно за тинејџерите: Еве како пубертетските хормони влијаат на учењето

Важно за тинејџерите: Еве како пубертетските хормони влијаат на учењето

Објавена во: Совети // School zone

Експериментите откриваат важна улога на естрогенот во засилувањето на допаминот и когнитивните процеси. 

Научниците одамна знаат дека хормоните силно влијаат врз мозокот, менувајќи ги емоциите, енергијата и одлуките. Но, сложеноста на тие процеси сè уште не е целосно разбрана.

Нова студија посветена на женскиот хормон естроген дава подлабок увид во овие механизми. Во серија експерименти со стаорци, истражувачите откриле дека невролошките процеси поврзани со учењето и донесувањето одлуки природно се менуваат за време на женскиот репродуктивен циклус. 

Овие промени се должат на досега недетектирани молекуларни варијации поврзани со допаминот – хемикалијата што ги испраќа „сигналите на награда“ и го води учењето во мозокот.

„Иако хормоните имаат огромно влијание врз мозокот, многу малку знаеме како тие точно го менуваат когнитивното однесување“, вели проф. Кристин Констанинопл од Центарот за невронаука на Универзитетот во Њујорк. 

Медицинската заедница сè повеќе препознава дека флуктуациите на естрогенот се поврзани со когнитивната функција и со одредени психијатриски состојби.

Во експериментите, стаорците побрзо го учеле значењето на аудио сигналите што најавувале „награда“ – вода – кога нивото на естроген било повисоко. Истражувачите објаснуваат дека естрогенот ја засилува активноста на допаминот во центарот за наградување во мозокот, правејќи ги сигналите појасни и посилни.

Кога активноста на естрогенот била намалена, учењето станувало значително послабо – што укажува на можно објаснување за когнитивни потешкотии и симптоми на невро-психијатриски нарушувања. 

Истовремено, истражувачите нагласуваат дека способноста за донесување одлуки не била погодена – ефектот се однесувал само на учењето.

„Сите невро-психијатриски нарушувања покажуваат промени во интензитетот на симптомите во различни хормонални фази. 

Разбирањето како хормоните влијаат на нервните мрежи може да открие што ги предизвикува овие болести“, додава Констанинопл.

Извор: Telegraf.rs / Freepik


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: