Ангела Тасеска создава нова генерација еколошки свесни деца: Храбрата жена што сама ја започна шумската едукација кај нас

Ангела Тасеска создава нова генерација еколошки свесни деца: Храбрата жена што сама ја започна шумската едукација кај нас

Објавена во: Stars // Интервјуа

Во време кога децата растат со таблети, телефони и екрани кои стануваат нивен „прозорец кон светот“, во Охрид се појавува една жена која верува во сосема поинаква приказна. Ангела Тасеска – дипломиран биолог, ентомолог, природољубец и еко-едукатор – веќе десет години тивко, но упорно гради мост меѓу најмладите и природата...

Нејзината мисија се родила многу пред кариерата. Таа пораснала на село и се сеќава како секој ден започнувал и завршувал во игра надвор – со трчање по тревата, собирање цветови, набљудување инсекти и слушање на она што природата го раскажува без зборови. Токму таа детска слобода ја навела на студии по биологија, каде љубовта кон природата добила научна форма.

 „Пораснав на село, каде што секој ден беше исполнет со игра во природа“, раскажува таа. Тоа чувство на слобода и допир со земјата ја насочило кон природните науки, па биологијата станала нејзин избор без двоумење.

Во текот на студиите и првите професионални ангажмани, таа сè повеќе време поминувала на терен. „Преку бројни проекти, особено во пролетните и летните месеци, голем дел од времето го поминував и сè уште го поминувам на терен“, објаснува Ангела.

Работата со деца се појавила спонтано – прво во Лабораторијата за анимална екологија при Институтот за биологија. „Тогаш сфатив дека токму преку едукацијата на најмладите можам најсилно да влијаам и да ја пренесам љубовта кон природата“, вели таа.

Во годините што следеле, работела во Природно-научниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ и во Националниот парк Галичица, спроведувајќи низа едукативни програми. „Без разлика на работното место, децата секогаш беа дел од мојата приказна. Секојпат се трудам љубовта што ја чувствувам кон природата да им ја пренесам ним“, нагласува таа.

Преминот од институции кон независна мисија

По завршувањето на институционалната работа, Ангела почувствувала дека нешто во неа сè уште „чека да се роди“. „Сфатив дека мојата мисија не завршува таму, туку напротив – токму тогаш започна да добива појасна форма“, вели таа.

Најсилниот поттик го добивала од децата:
„Имаше многу моменти кои ме инспирираат, но најсилниот поттик доаѓа токму од децата. Тие ми се најголема инспирација, ние сме како една голема фамилија.“

Така започнала да организира самостојни работилници на отворено, а денес е активна преку Здружението „Биодиверзитет за сите“. „Мојата мисија е да поттикнам што повеќе деца да ја запознаат природата, да ги научам како да ја сакаат, почитуваат и заштитуваат.“


ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА ЖЕНСКИ МАГАЗИН ТУКА.

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: