Повеќе интернет за повеќе забава - 66 GB за само 599 денари!

Во пресрет на новогодишните празници, период кога сите сакаме да бидеме поблиску до семејството и пријателите и да споделуваме повеќе моменти, А1 Македонија со огромно задоволство ја претставува својата најнова препејд понуда со која корисниците добиваат уште повеќе интернет и тоа дома и во роаминг.
Со најновата понуда корисниците добиваат неверојатни 66 GB мобилен интернет, од кои 60 GB за користење во земјата и дополнителни 6 GB за земјите од Балканот, месечна претплата од само 599 денари.
Новата понуда е дизајнирана за да обезбеди повеќе можности за комуникација, поврзување и забава, без ограничувања било дома или при патувања низ регионот. Таа им овозможува на корисниците да уживаат во своите омилени содржини, видеоповици и споделување празнични моменти со најблиските, каде и да се наоѓаат.
„Во време кога сите сакаме да бидеме поблиску со оние што ни значат, нашата цел е да им понудиме на корисниците повеќе слобода и сигурност во комуникацијата. Со 66 GB интернет, од кои 6 GB важат и во земјите од Балканот, им овозможуваме да останат поврзани и да споделуваат моменти без грижа за потрошен интернет. Оваа понуда е наш начин да внесеме повеќе вредност и радост во претпразничниот период,“
изјави Елена Панова, директорка на маркетин и дигитална трансформација во А1 Македонија.
Со „Повеќе интернет за повеќе забава“, А1 уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање иновативни понуди и врвно корисничко искуство, овозможувајќи им на сите корисници да останат поврзани секогаш и секаде.
Повеќе информации можете да најдете на веб страницата www.A1.mk.
ПР објава