Крушево добива нов спа центар во хотел Монтана

Крушево добива нов спа центар во хотел Монтана

Објавена во: После „Школо“ // PR

Туристичката понуда во Крушево станува побогата за уште еден нов капацитет. Во хотелот Монтана започна со работа целосно нов спа центар. На располагање на гостите се:

✅️ Затворен базен со поглед на Крушево


✅️ Финска сауна


✅️ Парна бања


✅️ Солена соба



✅️ Соба за масажа


✅️ Простор за релаксација

Овој хотел кој минатата година прослави 50 години од своето постоење и е своевиден лендмарк над Крушево, со својот нив менацмент постојано ја развива и унапредува туристичката понуда во највисокиот град на Балканот. Изминатата година беше извршено целосно реновирање на ресторанскиот простор, барот и лобито, беа воведени нови содржини за најмладите, нова тераса со поглед на Крушево како и целосно опремување со модерен мебел на хотелските соби. Целта на менаџментот на Монтана е да го развие Крушево како дестинација преку целата година и да допре до сите кои сакаат активен туризам како параглајдинг, планински велосипедизам, планинарење, риболов или јавање коњи.

Конфернциските сали во хотелот се адаптирани за настани од 10 до 300 гости и во комбинација со адреналинските атракции е идеално место за тимбилдинг. За повеќе детали погледнете ја нивната понуда на montana.mk.

*ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: