Првите чекори на малиот Стефан – најголема радост за Нина Ангеловска и Виктор
Непроценлив момент и голем семеен пресврт за поранешната министерка и успешна претприемачка Нина Ангеловска – нејзиниот син Стефан прооде!
На фотографиите што таа ги сподели од Кина, малечкиот Стефан гордо ги прави првите чекори во топла семејна атмосфера, охрабрен од насмевките и аплаузите на мама Нина и тато Виктор.
Прегратките, радоста и насмевките се доказ дека секоја нова фаза во животот на детето е најголемата награда за родителите.
„Big little joys & milestones“ – напиша Нина, јасно ставајќи до знаење дека најчистата среќа е токму во малите, но најважни моменти.
Фото: инстаграм стори Нина Ангеловска