Новак и Ана се фалеле со луксузен живот на Инстаграм, па примамиле крадци: Ги киднапирале, па убиле на монструозен начин
Објавуваа фотографии на кои се гледаа со љубов во очите и се бакнуваа, секогаш со позадина како од сон — понекогаш Париз, понекогаш Рим. Се фалеа со својот гламурозен животен стил, со фотографии од луксузни автомобили, вили и патувања, изгледајќи како совршено среќно семејство. А потоа беа киднапирани и брутално убиени.
Роман Новак (38) и неговата сопруга Ана (37) живееле во изобилство, покажувајќи дека имаат сè — среќа, љубов и пари. Но, нивната приказна завршила трагично: двојката од Русија била убиена, а нивните тела пронајдени забетонирани во пустината во близина на Дубаи. Зад себе оставиле две ќерки и многу неодговорени прашања.
Двајцата биле активни на социјалните мрежи. Ана имала околу 1.600 следбеници, а нејзиниот сопруг повеќе од 19.000. Само пред една година, Новак објавил фотографија од Дизниленд, со опис:
„Заедно сме веќе 16 години. Ти благодарам, љубов моја, за ова прекрасно патување. Ти си мојата Дизни принцеза што го припитоми чудовиштето.“
Но дали со зборот „чудовиште“ мислел на своето минато? Бизнисменот од Санкт Петербург бил осуден на шест години затвор во Русија поради измама. По излегувањето, со Ана се преселил во Обединетите Арапски Емирати, каде што се претставувал како успешен инвеститор и пријател на милијардерот Павел Дуров, основач на „Телеграм“.
Ана пак, на своите профили објавувала фотографии од приватни авиони и часови по јога, градејќи слика на совршен живот.
Сè се променило на 2 октомври, кога парот бил киднапиран. Според медиумите, криминалците сакале да им го одземат наводното богатство од над 400 милиони евра. Ги намамиле во луксузен ресорт во Оман, каде што се обиделе да добијат пристап до крипто-сметка. Се верува дека Роман и Ана биле мачени еден пред друг за да го откријат кодот, но нивниот наводен милионски акаунт бил празен.
Извор: Telegraf / Фото извор: Instagram
