
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА – ДОКТОРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ И ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО
Министерството за здравство и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги во јавните здравствени установи.
Со овој документ се воспоставува рамка за заемна поддршка, која овозможува вклучување на медицински кадар од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во јавните здравствени институции, особено во ситуации на зголемени потреби, недостиг на кадар или други приоритетни здравствени барања.
На состанокот со министерот за здравство, Азир Алиу, се разговараше за низа иницијативи за промена на Законот на здравствена заштита во интерес на граѓаните, посебно во интерес на згрижувањето на ургентите состојби, кои во моментот претставуваат организациски проблем во работењето на приватните болници. На состанокот беше нагласен и реалниот проблем со недостаток на медицински кадар како причина за одложување на интервенции во јавното здравство, во момент кога во истите јавни институции здравствениот кадар пружа здравствена услуга во приватните болници, при што се создаваат долги листи на чекање.