
На 8 септември, Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк Вело Грин
На 8 септември, во Маврово ќе се одржи традиционалната хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин, која веќе шеста година по ред ја организира Халкбанк во рамките на својата еко платформа - ХалкЕко.
Со цел непречено и безбедно одвивање на трката, на 8 септември сообраќајот ќе биде затворен на патниот правец од хотелот „Спорт“ до Леуново во двете насоки, во периодот од 09:00 до 16:30 часот.
Почетокот на трката е закажан за 10:00 часот, а стартната и целната позиција ќе биде паркингот пред хотел „Спорт“. Како и секоја година, така и сега, настанот ќе ги обедини љубителите на велосипедизмот, од најмалите учесници, преку рекреативците, до професионалните натпреварувачи.
Средствата од котизациите традиционално се наменуваат за пошумување, а така ќе биде и овојпат. На тој начин, спортскиот настан Халк Вело Грин останува верен на својата еко мисија и претставува пример како спортот и општествената одговорност можат да одат рака под рака.
Халк Вело Грин не е само спортски предизвик, туку и вистински празник на спортот, природата и дружењето. Покрај возбудливите натпревари, во текот на целиот ден учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во свежиот воздух, убавините на Националниот парк Маврово и во атмосфера исполнета со позитивна енергија. За сите гости, поддржувачи и пријатели на велосипедистите е подготвена и забавна програма со Викса, ди-џеј Oky Doky, Jojo’s BBQ и маскотата на Халкбанк – Халки, кои што ќе ја направат манифестацијата уште поубава и незаборавна.
Халкбанк ги поканува сите љубители на велосипедизмот, спортот и природата да присуствуваат на овој уникатен настан и да бидат дел од заедничко искуство што инспирира, мотивира и носи позитивни промени.
ПР објава