БЕЗБЕДНА И ПРЕЦИЗНА НЕВРОХИРУРГИЈА СО НАЈСОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА НЕВРОНАВИГАЦИЈА

БЕЗБЕДНА И ПРЕЦИЗНА НЕВРОХИРУРГИЈА СО НАЈСОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА НЕВРОНАВИГАЦИЈА

Објавена во: После „Школо“ // PR

„Аџибадем Систина“ инвестира во врвна технологија за максимална безбедност и нови можности за неврохируршки интервенции

Со набавката на најсовремениот систем за навигација, пациентите во „Аџибадем Систина“ добиваат безбедна, прецизна и минимално инвазивна неврохирургија, според највисоките светски стандарди.

„Оваа инвестиција е од суштинско значење за иднината на нашата професија и за безбедноста на секој пациент што ни го доверува своето здравје. Станува збор за технологија која не само што овозможува прецизност, туку и отвора нови терапевтски хоризонти – интервенции што досега не можеа да се изведат во нашата земја. Со системот се овозможуваат повеќе напредни кранијални процедури, меѓу кои: мозочни биопсии, отстранување на тумори, визуализација на нервни патишта, катетеризации,како и прецизно позиционирање за длабока мозочна стимулација (DBS)“, истакнува доц. д-р Миленко Костов, неврохирург во „Аџибадем Систина“.

Системот „StealthStation S8“ на американската корпорација „Медтроник“, една од водечките пет компании во светот за медицинска технологија, претставува еден од најнапредните модели за невронавигација. Верзијата со која располага „Аџибадем Систина“ е премиум конфигурација, опремена со две мобилни, целосно компатибилни станиции интелигентен интуитивен оперативен систем кој овозможува 2Д и 3Д визуализација.Со неговата интеграција во хируршките сали, неврохируршкиот тим добива можност да ја следи позицијата на инструментите во реално време, да ја визуализира анатомијата на мозокот или ’рбетниот столб во сите димензии и да изведе хируршка интервенција со максимална прецизност и минимален ризик за виталните структури.

„Со помош на овој системможеме со прецизност од милиметар да ја одредиме локацијата на туморот, да планираме безбеден оперативен коридор кој ги заобиколува функционалните зони и крвните садови, и тоа пред да започне интервенцијата. Тоа е од суштинско значење за третманот“, додава доц. д-р Костов.

Можностите што ги отвора овој систем не се ограничени само на кранијалните процедури. Во следната фаза, со дополнителна опрема, се планираат минимално инвазивни спинални интервенции – вклучувајќи поставување импланти со мала хируршка траума, што значително ќе го намали постоперативното заздравување.

„Во план е и воведување функционална неврохирургија, гранка што се занимава со вградување на невростимулатори кај пациенти со Паркинсонова болест, дистонии и други невролошки нарушувања поврзани со движењето. Со ова, ‘Аџибадем Систина’ ќе биде меѓу ретките центри во регионот што ја применуваат оваа високоспецијализирана терапија“, вели доц. д-р Костов.

Со модернизирање на опремата и инвестиција во неврохируршки кадар, идните планови за развој на неврохирургијата во „Аџибадем Систина ќе бидат насочени кон три главни правци: модернизирана онколошка неврохирургија, современа спинална и минимално инвазивна хирургија, како и развој на функционална неврохирургија.

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: