Тој бил љубовта на Лепа Брена пред Боба: Љубовната приказна за која зборуваше цел Зрењанин

Тој бил љубовта на Лепа Брена пред Боба: Љубовната приказна за која зборуваше цел Зрењанин

Објавена во: Живот // Живот

Работел како водител и диџеј, а потоа станал пратеник...

Пејачката Лепа Брена е во брак со некогашниот тенисер Слободан Живојиновиќ веќе 29 години.

Пред брако со пејачката, Боба бил во брак со Зорица, со која го добил синот Филип, а Лепа Брена во врска со новинарот, диџеј, а подоцна и пратеник Мирко Крлиќ.

Пред многу години, Крлиќ зборуваше за врската со убавата пејачка и кажа дека во 1985 година, цел Зрењанин зборувал дека тие ќе се венчаат...

„Точно е дека Лепа Брема подолго време беше моја девојка и дека се сакавме. Но, сега тоа веќе е минато и ние сега сме само добри пријатели. За тоа што се зборуваше низ зрењанинската чаршија, дека требало да се омажи за мене и дека сето тоа било завршена работа, можам да кажам дека тоа е само фаназија и нечии убави желби... Јас можам да изјавам дека, по нашето забавување, Брена за мене беше и остана голем пријател“ - кажа Крлиќ пред многу години.

„Да бидам искрен, воопшто не се изненадив кога неодамна се објави дека ќе се мажи. Бидејќи, јас за таа нејзина желба знам одамна. Додека бевме заедно, често ми зборуваше: „Мирко, најголема желба ми е да основам свое семејство. Постојано ме прогонува мислата дека популарноста еден ден ќе помине, а јас ќе останам сама...“ Од тој страв никако не можеше да се ослободи, особено поради тоа што постојано беше одвоена од родителите, кои живееја во Брчко“ - изјави своевремено Крлиќ за „Југопапир“ и „Сабор“.

Крлиќ, кој работел и како водител и уредник, диџеј, а подоцна и пратеник од 2012 до 2016 година, тогаш се присети и на првата средба со пејачката.

„Брена ја запознав кога првпат настапуваше во Зрењанин. Тоа беше пред неколку години, кога како неафирмирана пејачка пееше во хотелот Војводина. Имавме симпатии еден кон друг на прв поглед. И почнавме да се забавуваме. Јас тогаш работев како диџеј во Домот на младоста, а подоцна и во барот. Брена во нашиот град пееше во два бранови за неколку месеци, а се гледавме и подоцна кога си замина од Зрењанин. Додека гостуваше тука, ретко поминуваше ден, а да не се видевме. За тоа време јас добро ја запознав и можам да кажам дека нејзиниот секојдневен живот потполно отстапува од нејзината улога на пејачка и забавувач во локал. На работното место таа до крајот беше професионален, а потоа - сосема обична, морална жена, а со сето тоа, за своите години и многу интелигентна. Знаеше што сака!“. 


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: