Најголемата заблуда за умирањето: Медицинска сестра открива дека семејството секогаш помислува дека пациентот се опоравува

Џули МекФаден, медицинска сестра која работи на одделот за палијативна нега во Лос Анџелес, објави видео на Јутјуб во кое зборува за шест необични појави кои го придружуваат процесот на умирање.
Една од нив може да биде особено збунувачка и во повеќето случаи на семејството на болниот му предизвикува голема болка.
Еден од најтрогателните знаци дека крајот се приближува е краткотрајно подобрување на здравствената состојба непосредно пред смртта.
Џули објаснува дека овој феномен е познат и како „будење“ или „ненадеен налет на енергија“. Тешко болниот одеднаш делува како да му е подобро – му се враќа силата, почнува да јаде, да оди, да зборува, целосно е присебен и ориентиран.
Иако не е сосема јасно што го предизвикува ова (постојат теории за нагло лачење на кортизол или дејство на одредени хормони), тоа се јавува прилично често – кај околу една третина од терминално болните пациенти.
Џули нагласува дека треба да се ужива во тој момент, но и да се биде свесен дека може да значи дека смртта е блиску. Обично по ваков момент, смртта настапува за еден до два дена. Ако подобрувањето трае со недели, веројатно станува збор за добар знак.
Извор: Мондо / Foto: YouTube/Hospice Nurse Julie/Screenshot
