
Љупка – гордоста на семејството Ѓоргиевски блеска на празникот Вера, Надеж и Љубов!
Денес, на празникот Вера, Надеж и Љубов, познатиот ТВ водител Ненад Ѓоргиевски и неговата сопруга упатија најтопли честитки до својата ќерка Љупка, која го носи ова вечно и симболично име.
Малата Љупка е нивна најголема радост и инспирација, а родителите со емотивни пораки и фотографии ја прославија нејзината именденска свеченост.
„Вечно име, убавино моја“ – напиша гордиот татко, додавајќи дека љубовта и светлината кои таа ги носи се најголем благослов во нивниот живот.
Со својот шарм, насмевка и талент, Љупка веќе го освојува вниманието на сите околу себе. Празникот Вера, Надеж и Љубов е ден кој симболизира сила, искреност и добрина – вредности кои оваа семејна приказна ги пренесува во најчистата форма.
ИС-ФОТО: Инстаграм принтскрин