Музиката не познава граници, исто како љубовта и добриот збор - Зарина Првасевда ве поканува на „Кадифено “ музичко патување во Филхармонија на 20 декември

Музиката не познава граници, исто како љубовта и добриот збор - Зарина Првасевда ве поканува на „Кадифено “ музичко патување во Филхармонија на 20 декември

Објавена во: После „Школо“ // PR

Многу брзо по нејзиното појавување на македонската музичка сцена вокалистката Зарина Првасевда стана популарна кај домашната публика, која го препозна нејзиниот моќен вокал и силната страст за изворниот етно звук. Музичката инспирација ја црпи од секојдневието, од разни ситуации, природата и нејзините звуци, емоциите и луѓето, но сепак нејзината најголема инспирација се децата и младината, оние на кои нејзината генерација им должи иднина во мир, радост, сигурност и најбитно - квалитетни музички содржини. За нив вреди да се бориме, за нив вреди да создаваме, за нив вреди да се едуцираме и надоградуваме и секојдневно да се стремиме да стануваме подобри луѓе – искрено споделува Зарина.



Патиштата на музиката понекогаш се среќаваат на најнеочекувани и најмагични места. Така и нејзиниот пат се вкрсти со оној на музичките виртуози Џенк Ердоган и Ахмет Али, токму во срцето на Турција, на Универзитетот во Кападокија каде 5 дена биле дел од меѓународен семинар - Музичко село за едукација на студенти од целиот свет. Токму тука се родило нивното музичко пријателство, а гостопримството што го почуствувала таму, во неа разбудило искрена желба истото чувство да го пренесе дома. За време на концертот, овие музичари ќе споделат дел од својата култура и традиција пред македонската публика, која пак, секогаш умее да отвори срце и слух за новото и убавото. Можност за заеднички да се вкрстат традициите, да се слушне како различни народи ја толкуваат душата преку звук, и да се види како македонската традиционална музика продолжува да живее, да се менува и да се пренесува низ генерациите.


Често пати напоменувам и кажувам дека доколку мојата музика успее да растрепери барем едно срце, а особено на јазик кој не го разбира, тогаш јас сум најсреќниот човек на светот.  За време на музичкото патување „Кадифено“, нема да се случи само обичен концерт, туку и можност за едукација, за ново различно музичко патување и вечер за паметење. Со нетрпение го очекувам денот, а исто така сум и љубопитна да видам кој ќе ни се приклучи на таа кадифена магија– вели Зарина.


Таа додава дека со македонската Филхармонија е нераскинливо врзана,  и тоа поради нејзиниот прв солистички концерт оддржан таму за првиот албум ,, Ехо ’’,  за кое вели дека е едно од најубавите искуства во нејзиниот живот. Овој пат, на 20 декември 2025 во Филхармонија со почеток од 19:30 часот, посетителите ќе имаат можност премиерно да уживаат во интимно, мелодиско и „Кадифено“ музичко доживување исполнето со тивка магија и уникатни вокали предводени од фантастичната Зарина Првасевда.



Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: