Јана Лазареска на својот седми роденден посака желба што не се мери со пари, туку со срце

Јана Лазареска на својот седми роденден посака желба што не се мери со пари, туку со срце

Објавена во: Stars // Музика

Љубовта меѓу дете и милениче не се учи – таа се чувствува. Таа е првиот чекор кон развивање на емпатија, одговорност и грижа за другите. Кучето не е само миленик. Тоа станува член на семејството, чувар на детските тајни, тивок утешител во тешки денови и најгласен поддржувач во сите детски победи.


Јана Лазареска, по повод својот седми роденден, преку детската песничка „Кученце“ не посака скапи подароци, ниту фустан или Барбика. Наместо тоа, откри нешто многу посилно – желба која не се мери со пари, туку со срце.


Со детска искреност што допира до секое срце, Јана пее дека најголем подарок би било едно мало пријателче со кое ќе расте, ќе се гушка, ќе ја чека кога ќе се врати од училиште и ќе ја сака безусловно".


Темата „Кученце“, заедно со видеоспот, Јана ја претстави пред своите другарчиња на роденденската прослава. Некои од нив се појавуваат и во самото видео.

„Кученце“ не е само песна – тоа е израз на чиста детска љубов, копнеж по грижа, пријателство и топлина каква што само едно кученце може да подари.

Автори на песната се Филип Неделковски (музика) и Огнен Неделковски (текст). Снимена е во студиото на Александар Митевски, кој е и аранжер на темата. Видеото е продукција на „Прокам Продукција“.

Јана ни покажа дека децата знаат многу повеќе отколку што мислиме. Знаат што е навистина важно, знаат што значи вистинско пријателство и не се плашат да ја споделат својата љубов.


А ние, возрасните, треба само едно – да ги слушаме кога зборуваат од душа. Затоа што понекогаш, најголемата мудрост доаѓа токму од најмалите срца.

С.А.Н


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: