Итно се повлекуваат од пазарот: Овие играчки им се омилени на многу дечиња, но не се безбедни

Итно се повлекуваат од пазарот: Овие играчки им се омилени на многу дечиња, но не се безбедни

Објавена во: Совети // School zone

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласираат на единствениот пазар на ЕУ издаде предупредување за неисправна детска играчка и за нејзино повлекување од продажба.

Како што се наведува во известувањето, станува збор за електронска плишана играчка во розова и сина боја (лик од цртаниот филм Lilo & Stitch) со симулирано дишење.

 Опфатени се сите сериски броеви. Производот се продава онлајн, особено преку сајтовите magicpets.fr и Amazon.

Производот претставува ризик бидејќи влакнестиот материјал со кој е наполнета играчката е лесно достапен поради слаба изработка на шавовите околу батеријата.

 Мало дете може да го стави материјалот за полнење во уста и да се задуши.

Поради тоа, производот не е во согласност со барањата на Директивата за безбедност на играчки ниту со европскиот стандард EN 71-1.

Податоци за производот:

Производ: Плишана електронска играчка за деца

Земја на потекло: НР Кина

Извор

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: