A1 го најавува 8. издание на најголемиот е-спорт настан во Македонија A1 Game Fest 2025 powered by Neptun

A1 Македонија, во соработка со GG.MK, со гордост го најавува најочекуваниот и најголем е-спорт настан во земјата A1 Game Fest 2025 powered by Neptun. Најголемиот е-спорт настан во Македонија ќе донесе нови игри, епски дуели, вредни награди и адреналин што нема да запре. Настанот ќе се одржи на 22 и 23 ноември во „Ист гејт мол“ во Скопје, каде што гејмерите, косплеерите и сите љубители на дигиталната забава ќе имаат шанса да уживаат во финалето и во богатата програма.
Посетителите ги очекуваат популарни игри и турнири, вклучувајќи League of Legends powered by Neptun, Fortnite partnered by Samsung, Tekken 8, EA SPORTS FC 26, како и турнири во борд гејмс во соработка со Гоблин друштвени игри. За љубителите на ретро гејмингот тука е Ретро корнерот, а за стратегите и моделарите – Warhammer 40K. Посетителите ќе можат да се забавуваат и во Driver Quarters пред изложбениот салон на „Нептун“, додека креативните косплеери ќе бидат дел од Косплеј на A1 Game Fest 2025 powered by HBO Max, проследен со професионална фотосесија. Секако, настанот ќе биде збогатен со giveaways и многу изненадувања за сите посетители.
Публиката ќе има можност директно да учествува во 1-vs-1 LoL PRO партиите против професионални играчи, а заедно со Дебели Гикови и GG.MK поткаст во живо, ќе може да го следи сето она што се случува на сцената.
„A1 гејм фест е доказ дека дигиталната култура и е-спортот растат во Македонија, и дека заедницата на гејмери заслужува врвно искуство. Горди сме што и годинава можеме да понудиме платформа каде што младите можат да се натпреваруваат, да се забавуваат, да учат и да создаваат заедништво, секако на безбеден и одговорен начин. A1 продолжува да инвестира во дигитални вештини и иновации што го поттикнуваат талентот и креативноста на идните генерации“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на A1 Македонија.
Во духот на општествената одговорност, А1 Македонија и годинава ја продолжува програмата „Гејмај одговорно“, препораки за безбедно и одговорно гејмање за сите посетители, родители и деца.
ПР објава