Славниот актер итно хоспитализиран! Холивудскиот фраер заврши во болница поради мистериозна болест, еве ја неговата состојба

Актерот Лив Шрајбер, кој е запаметен по улогата во серијата „Реј Донован“, беше хоспитализиран за време на викендот поради силна главоболка. Еве како се чувствува сега.
Американскиот актер Лив Шрајбер беше итно хоспитализиран во Њујорк во неделата вечерта откако почувствува ненадејна и силна главоболка, за што лекарите препорачаа итен медицински преглед.
Актерот кој е најзапаметен по улогата во сериите „Реј Донован“ и „Совршениот пар“ беше пренесен во болница каде што беше задржан преку ноќ и беше подложен на низа тестови.
Извори блиски до актерот изјавија дека тој можел нормално да оди и да комуницира за време на приемот, што ги ублажило првичните загрижености.
Моментално не е познато што ја предизвикало главоболката, но неговиот ПР тим вели дека актерот добил дозвола да се врати на работа уште во понеделник попладне.
Да потсетиме дека во април минатата година, Лив Шрајбер раскажа како доживеал привремено губење на меморијата предизвикано од силна мигрена за време на претстава на Бродвеј.
- Бев во соблекувалната и имав ужасна главоболка. Помислив дека можеби е од брза храна, но беше многу посилна од тоа. Слегувајќи по скалите помислив. Ова не е нормално, не се чувствувам добро. - рече актерот на Сет Мејерс.
Ситуацијата стана уште посериозна кога ја запозна колешката Ејми Рајан, но не можеше да се сети на нејзиното име.
Откако излезе на сцената, тој целосно ги заборави текстовите.
- Во тој момент помислив ОК, добив мозочен удар. Тоа е тоа - објасни тој.
Потоа невролог дијагностицираше транзиторна глобална амнезија, ретка, но бенигна состојба што предизвикува привремено губење на меморијата.
ФОТО: EPA/NEIL HALL
