
Започнете го денот како на Медитеранот – со овошните јогурти Грекос
Има нешто посебно во едноставните, тивки моменти - кога денот го забавува чекорот, а вкусот раскажува приказна. Приказна што мириса на море, на свежина, на свежо овошје. Токму така се чувствува секој залак од Грекос, грчкиот овошен јогурт што во себе го носи духот на Медитеранот.
Со својата богата, густа и исклучително кремаста структура и со цели парчиња овошје, Грекос овошните јогурти се создадени за сите оние кои знаат да уживаат, бидејќи тие секогаш додаваат доза на софистицираност и задоволство.
Кога вкусот добива боја, приказната станува уште послатка. Таква приказна плетат трите овошни варијанти на Грекос – со парчиња јагода, шумско овошје или кајсија, тие се совршен избор за сите кои сакаат свеж, овошен и природен вкус.
Јагодата буди носталгија и ведрина, а нејзината слатко-освежувачка нота ја прави совршена за ужина или лесен десерт.
Шумското овошје е дива, интензивна сензација - микс кој дава енергија и виталност, идеален за динамичните денови.
Кајсијата е нежна и топла - со суптилен, ароматичен вкус што го збогатува секој момент.
Сите овошни Грекос јогурти се практично пакување на медитеранска магија – доволно лесни за во движење и доволно вкусни за да станат омилен ритуал. Токму затоа, Грекос лесно ќе стане главна ѕвезда на вашиот појадок.
Бидејќи Грекос не е само грчки јогурт. Тоа е чувство зачинето со природен вкус кој го претвора секојдневието во доживување. Од првиот до последниот залак, Грекос е тука кога ви треба партнер за момент на задоволство во храната и за здрав начин на живот.
А токму медитеранската исхрана, инспирацијата зад Грекос, е призната како една од најздравите во светот – богата со свежо овошје, зеленчуки ферментирани млечни производи како грчкиот јогурт. Грекос е полн со природни протеини, калциум и пробиотици кои ја поддржуваат дигестивната рамнотежа и придонесуваат за подолготрајно чувство на ситост. Со само неколку состојки овој јогурт претставува едноставен, но моќен начин да го збогатите секој ден со вкус и здравје – токму онака како што тоа го прават луѓето од Медитеранот.