Синот на Атанас и Бела порасна: Павле славеше роденден во Маврово

Синот на актерот Атанас Атанасовски и неговата партнерка Александра, наполни 4 години.
Александра му организирала роденденска забава во Маврово, заедно со децата на нејзините пријателки Тамара Тодевска и моделот Катарина Ивановска.

„Роденден, мала забава“, е описот на заедничката роденденска фотографија.
„Да ми е најсреќен“, напиша Бела на една фотографија со синот.

Пред две години Павле ја доби сестричката Една, тогаш Атанас и Александра го добија нивното второ дете.

Атанас во една прилика раскажа дека со Бела биле во врска неколку години, а матично направиле помеѓу две негови театарски проби.
Фото: Инстаграм