
ШПАРКАСЕ БАНКА СО ЕДИНСТВЕНА ПОНУДА НА ПАЗАРОТ – ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ДО 2,4 МИЛИОНИ ДЕНАРИ СО ФИКСНА РАТА, БЕЗ ХИПОТЕКА И БЕЗ ЖИРАНТИ
Шпаркасе Банка го претставува потрошувачкиот кредит со највисок износ на пазарот – до 2.400.000 денари, создаден за да им овозможи на клиентите поголема финансиска слобода и стабилност. Со овој кредит, клиентите добиваат пристап до значителни финансиски средства за своите лични планови – без хипотека, без жиранти и со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата до 95 месеци.
Потрошувачкиот кредит на Шпаркасе Банка е наменет за сите физички лица со редовни месечни примања, кои сакаат да располагаат со поголеми износи на средства, без ограничувања и да ги реализираат своите големи планови и лични желби. Дополнително, клиентите можат да добијат уште поповолна каматна стапка доколку користат револвинг производи на Банката.
Покрај потрошувачкиот кредит, Шпаркасе Банка во оваа атрактивна понуда нуди и станбени и хипотекарни кредити со фиксни каматни стапки, кои овозможуваат фиксна месечна рата и сигурност при долгорочно планирање. Со максимален износ до 400.000 евра и фиксна каматна стапка за станбен и хипотекарен кредит, клиентите можат да планираат стабилна иднина без грижи за променливи месечни рати.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Шпаркасе Банка, јавете се во Сервисниот центар на 02 15 050 или обратете се во најблиската експозитура на Банката.
#ВерувајВоИднината
*Пр објава