 
                                                
                                                Сè што сакам во животов е да бидеш насмеан и радосен секој ден: Помалиот син на Андријана Јаневска наполни 9 години

Помалиот син на пејчката Андријана Јаневска славеше роденден.
На роденденската забава организирана во игротека присутни биле другарчињата на Кристијан, а имало и торта со диносаурус.

„Расти среќно и спокојно, Гуги мој. Сè што сакам во животов е да бидеш насмеан и радосен секој ден! Среќна 9-ка!“, напиша Андријана на фотографиите.

Кристијан неодамна заедно со неговата мајка и поголемиот брат Димитар беа во посета на музејот во Милано, каде можеа повеќе да се запознаат за еволуцијата на овие прастари животни.

Фото: Фејсбук

 
                                                 
                                                 
                                                 
                                                