
ПЛОЧКИ Ѝ ГИ ДРЖАТ КОСКИТЕ, ТЕМЕТО И КОСАТА Ѝ СЕ ИСЕЧЕНИ, САМО ЕДНА НОГА ФУНКЦИОНИРА: Еве какви повреди има Марија која беше претепана во Дубаи
Украинската манекенка Марија Ковалчук за првпат јавно проговори за трауматичната ноќ во Дубаи, во која беше брутално повредена и заврши во кома.
Нејзината мајка Ана изјави дека моментот кога Марија се разбудила од кома бил еден од најтешките во нејзиниот живот, бидејќи во очите на ќерката гледала само празен и изгубен поглед.
Марија претрпе девет операции и ја чекаат уште најмалку неколку. Во интервју опиша дека вечерта започнала во караоке бар, каде запознала младич.
Подоцна отишле во хотелска соба со неговите пријатели, но како што течел алкохолот, атмосферата станала агресивна. Во паника побегнала од собата по хотелски ходници, се упатила кон блиско градилиште и таму ѝ се губи сеќавањето. Верува дека била удрена по глава и изгубила свест.
Кога се разбудила, била скршена и во животна опасност. Лекарите велат дека повредите се резултат на жестоко претепување или пад од височина. Марија истакна дека видела бел прашок кај осомничените и верува дека се обиделе да ја замолчат.
Во болничкиот период се појавија разни гласини – од приватни забави до обид за киднапирање. Но, Марија денес признава дека целото искуство било тешка, но поучна лекција. Вели дека се откажува од OnlyFans и сака да започне нов живот во Норвешка, каде живее со семејството.
Таа сега планира да прави рачно изработени свеќи, да работи нокти и во иднина да го заврши факултетот. Враќањето во Дубаи не е опција – „Тоа место за мене повеќе не постои“, вели Марија. Опоравувањето продолжува – има скршени пршлени, метални плочки во кичма, клучна коска и нога, и во моментов оди со патерици.