
Паметни, мирни и без стрес – тајната на модерните тинејџери се вика „to-do“ листа
Во време кога тинејџерите се соочуваат со повеќе обврски од кога било — училиште, воннаставни активности, спорт, социјален живот и дигитален свет полн со влијанија — сè почесто се поставува прашањето: дали „to-do“ листата може да им помогне да го најдат балансот?
Психолозите се согласни дека воведувањето на едноставен систем за организирање на обврските е одличен начин младите луѓе да развијат чувство за одговорност и самодисциплина. Запишувањето на задачите не само што ја намалува анксиозноста, туку им овозможува и јасна слика за приоритетите – што мора да се заврши денес, а што може да почека до утре.
„Тинејџерите кои прават свои дневни или неделни листи често се почувствуваат помирни и посигурни,“ вели образовен педагог од Скопје. „Кога ги гледаат задачите на хартија или на телефон, се чувствуваат дека имаат контрола над времето, наместо времето над нив.“
Во пракса, „to-do“ листата не мора да биде комплицирана. Може да биде бележник, апликација на мобилен или бела табла во собата. Најважно е да стане навика – како миењето заби или спакувањето на училишниот ранец.
Покрај тоа, експертите велат дека кога тинејџерите сами ги формулираат задачите (на пример: „да прочитам 10 страници“, „да испратам порака на пријателката што ја запоставив“, „да излезам без телефон 30 минути“), тие развиваат самосвесност и чувство на постигнување, секогаш кога нешто ќе означат како „готово“.
Во ера на постојани одвлекувања на вниманието, „to-do“ листата е мала, но ефикасна алатка која може да им помогне на младите да се насочат, да ја зголемат продуктивноста и да ја зачуваат менталната рамнотежа.
Freepik