Картичка за премиум доживување – Lounge пристап што го трансформира патувањето

Картичка за премиум доживување – Lounge пристап што го трансформира патувањето

Патувањето не мора да започне со гужви, редици и скапо кафе на аеродромите.Замислете да го започнете секој лет со мир, удобност и персонализиран третман – уште пред да се качите во авионот. Со Mastercard World кредитнатаплатежна картичка од Халкбанк, вие не сте само патник, туку вие сте и привилегиран гостин.

Влезете восветот на ексклузивните Lounge Key салони ширум светот

Со Mastercard Worldкредитнатакартичка од Халкбанк, патувањето започнува уште во моментот кога влегувате во VIP зоната на аеродромот. Lounge Key е услуга која автоматски доаѓа со оваа картичка и ви овозможува пристап до над 1400 ексклузивни Lounge Key салони ширум светот,без потреба од дополнителна пријава и без непотребни процедури.
Во овие салони  ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалаци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници, и она најважното, а тоа е мирот.

Споделување премиум привилегии

Корисникот на Mastercard World кредитната картичка покрај личната привилегија за пристап до Lounge Key салонот може да го придружува уште една личност.Без разлика дали патувате со партнер, пријател или колега, уживањето во удобноста на VIP просторијата го споделувате со некој близок.

Mastercard World е повеќе од картичка

Станува збор за платежна картичка која ви овозможуваи брзи и безбедни плаќања. Располагате со можност за кредитен лимит до 1.200.000 денари, кој ви е достапен, тогаш кога најмногу ви треба, а месечната минимална отплата е само 10% од искористените средства. Може да купувате до 60 рати без камата кај трговципартнери на банката. Онлајн трансакциите се сигурни и без провизија.Во последната недела од секој месец, имате можност да подигнете готовина од банкоматите на Халкбанк, без провизија. Како дополнителна придобивка, добивате и 10% попуст при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

Како да станете дел од Mastercard World?

Аплицирајте во најблиската филијала или преку онлајн апликацијата на банката.

Со Lounge Key апликацијата го добивате светотна дланкакаде и да сте

Симнете ја бесплатната апликација Lounge Key (iOS и Android) и откријте ги сите VIPзони, условите за пристап и креирајте сопствен профил за уште полесно патување.

Уживајте во секој чекор од патувањето

Секое патување  треба да започне со чувство на контрола, мир и удобност. Без разлика дали патувате често или повремено, за работа или задоволство, Lounge Key пристапот ви овозможува да го доживеете вистинското премиум искуство, уште пред да се качите во авионот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира: