На бувјак купила прасе касичка за пари, која датира од 1970, кога ја отворила од неа излегле НЕВЕРОЈАТНИ РАБОТИ

На бувјак купила прасе касичка за пари, која датира од 1970, кога ја отворила од неа излегле НЕВЕРОЈАТНИ РАБОТИ

Вирално видео на една тиктокерка откри дека вистински мали богатства може да се најдат на најнеочекувани места — токму кога најмалку се надевате.

Корисничката @miles8katrina сподели видео во кое открива дека во керамичко прасе-касица од 1970-тите, што ја купила за само 10,99 долари (околу 1.100 денари), пронашла скриени свиткани пари. Вредноста на пронајдениот износ, според неа, била неверојатни 2.028 долари, што значи дека ѝ се вратиле вложените пари дури 185 пати повеќе.

Во видеото се гледа моментот кога го отвара дното на касичката и почнува да вади пластични кеси што ја држеле подлогата, додека на самото дно наоѓа свиткани банкноти.

Под објавата следеле илјадници коментари — од воодушевени до скептични.

„Зошто вакви работи не ми се случуваат мене?“, „Какво чувство е да си миленик на судбината“, „Совршен подарок пред празници“ – пишувале нејзините следбеници.

Но, имало и сомнежи: „Сто посто ги ставила своите пари само за да стане вирална“, „Луѓето се премногу наивни“, „Лажно е, секоја донирана работа се проверува пред да се стави на полица“.

Без разлика на вистинитоста, видеото стана вистински хит, потсетувајќи дека понекогаш богатството може да се крие таму каде што најмалку очекуваме.

@miles8katrina #thriftstorefinds #piggybank #thriftingfinds #goodwillfinds original sound - Miles8Katrina



Можеби ќе ве интересира: