Каков е вирусот од Западен Нил и како се лекува: Ако ги имате овие симптоми, задолжително одете на лекар

Каков е вирусот од Западен Нил и како се лекува: Ако ги имате овие симптоми, задолжително одете на лекар

Објавена во: Живот // Живот

Лабораторијата на Секторот за екологија и подобрување на животната средина на ЈКП „Градска чисточа“ при анализата на комарците од територијата на Белград го откри вирусот на Западен Нил, беше кажано од тоа претпријатие.

Вирусот од Западен Нил првпат е изолиран и идентификуван во областа Западен Нил во Уганда во 1937 година и по неа го добил и името. Благодарение на голема инвазивност на видовите комарци кои го пренесуваат, оваа болест денес не е исклучиво тропска инфекција, но се забележува зголемување на случаите од година во година во сите области со умерена континентална клима што е присутна во поголемиот дел од Европа.

Вирусот го пренесуваат заразените комарци, а важно е да се напомене дека вирусот не може да се пренесе од човек на човек.

Висок ризик од инфекции имаат постарите личности кои се хронично болни (дијабетис, хипертензија, хронични болести на бубрезите, имунокомпромитирани лица).

Вакцини против вирусот од Западен Нил уште нема, па заштитата од убодот на комарците е најдобра превентива. На доктрите би требало да им се обратат сите кои имаат покачена температура, силна вртоглавица и мачнини проследени со конфузни мисли. Доколку сте здрави, ќе поминете без посериозни последици.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: