
Хаштаг слави 7ми роденден!
Од првиот ден, па сè до денес, Хаштаг е местото каде младите си го наоѓаат својот глас. Место за сите што сакаат да се забавуваат, да бидат во тек со новите трендови, да прочитаат нешто инспиративно или едноставно да се насмеат.
Во овие години растевме заедно со вас – ја следевме вашата музика, филмови, модни хитови, TikTok трендови, љубовни дилеми и студентски приказни. Денес сме водечки младински портал, кој не само што информира, туку и креира култура за една нова генерација.
Голема благодарност до сите што не следат, коментираат и го прават Хаштаг заедница во која секогаш има место за нови идеи, нови фанови и нова енергија. Без вас оваа приказна не би била можно.
Продолжуваме да бидеме вашата дестинација број 1 за сè што е забавно, младешко и автентично. Хаштаг е повеќе од сајт – Хаштаг е стил на живеење.
Да ни се множат!