Генерација Z нема проблем со зависност од алкохол и дрога, нивниот најголем проблем е страв да останат без телефон или Интернет

Генерација Z нема проблем со зависност од алкохол и дрога, нивниот најголем проблем е страв да останат без телефон или Интернет

Во време кога секој миг може да стане објава, а секое чувство – приказна на Инстаграм, се поставува прашањето: дали младите знаат да живеат и без екран?

Истражувањата покажуваат дека повеќе од 70% тинејџери поминуваат над 5 часа дневно на телефон, а некои дури и двојно повеќе. Секојдневното „скролање“ по социјалните мрежи создава илузија на поврзаност, но истовремено носи анксиозност, споредби и страв дека ќе се пропушти нешто важно – феномен познат како FOMO (fear of missing out).

„Секогаш кога ќе пробам да го оставам телефонот, по неколку минути го земам без причина. Како да сум зависна“, признава 17-годишната Теа.

Психолозите предупредуваат дека постојаната поврзаност со екрани го нарушува фокусот, спиењето и менталната стабилност на младите. Токму затоа, последниве години се појавува нов тренд меѓу генерацијата Z – digital detox

Станува збор за свесно одвојување време без технологија: викенд без телефон, прошетка без слушалки или читање книга пред спиење наместо „TikTok“.

Се повеќе млади велат дека токму тогаш откриваат колку им недостасува реална комуникација – разговор лице в лице, забава без филтри и тишина без нотификации.

Можеби вистинскиот предизвик на новата генерација не е да биде онлајн – туку да знае кога е време да се исклучи.

Freepik

Можеби ќе ве интересира: