Зошто децата на луѓе од средна класа не стануваат богати?!

На прв поглед, припадниците на средната класа изгледаат стабилно – имаат работа, автомобил и дом. Но, зад таа слика често стои борба за вистинска финансиска слобода. Експертите издвојуваат пет најчести замки.
1. Изгледот им е поважен од суштината
Зголемувањето на платата многумина ги поттикнува да купат поголем стан или автомобил. Тоа носи моментално задоволство, но долгорочно празна каса. Попродуктивно е вложување во имот или бизнис.
2. Се потпираат на еден извор на приходи
Сигурната работа веќе не е доволна. Луѓето кои граделе богатство имаат повеќе извори – инвестиции, бизнис или пасивни приходи. Дури и мал почеток може да прерасне во сигурна поддршка.
3. Стравуваат да инвестираат
Многумина држат пари на штедна книшка, каде што инфлацијата ги јаде. Мудро е да се учат основи на инвестирање и да се ризикува со мали, но потенцијално профитабилни вложувања.
4. Се задолжуваат за потрошувачка
Кредитните картички и брзите кредити носат високи камати и стануваат сериозен товар. Долгот има смисла само ако создава вредност – преку имот или бизнис, а не преку секојдневна потрошувачка.
5. Не учат нови вештини
Во дигиталната ера знаењата брзо застаруваат. Тие што не вложуваат во нови вештини остануваат со ист приход. Обуки во дигитален маркетинг или програмирање можат значително да го зголемат заработокот.
Freepik / Mondo
