
Жено, нѐ убиваш: Јелена Карлеуша сподели провокативни фотографии од Дубаи, јасно е зошто обожавателите се во екстаза
Фотографиите на кои Јелена позира во црно монокини и каубојска капа предизвикаа најголемо внимание...
Српската пејачка Јелена Карлеуша сподели фотографии од Дубаи на својот Инстаграм профил, но не е познато дали неодамна отпатувала таму со своите ќерки Атина и Ника или снимките се направени во декември минатата година кога нејзиниот сопруг Душко Тошиќ беше таму на одмор.
Сепак, порталот „Србија данас“ пренесува дека станува збор за нови фотографии. Јелена наводно отпатувала во Дубаи пред неколку дена со своите ќерки и продуцент Зоран Бирташевиќ.
Јелена со своите следбеници ги сподели своите провокативни фотографии на кои позира во оскудни бикини во луксузно одморалиште, а најмногу внимание привлекоа оние во црна монокини и каубојска капа.
„Песок во моите чевли“ - напиша Јелена во описот на објавата, а обожавателите, како и обично, ја опсипаа со бројни комплименти и лајкови.
„Мега риба, мега sвезда, мега ниво“, „Жено, нè убиваш“, „Дивата гори“, „Најубава“, „Најубавата жена на светот!“, „Чевлите тука се најмалку важни“, „ОМГ, имаш совршено тело“, „Бидејќи си бомба, затоа те мразат“ - се само дел од коментарите кои се најдоа покрај фотографијата.