Слободно лутете се, лутината може да биде здрава!

Слободно лутете се, лутината може да биде здрава!

Иако најчесто се трудиме да го избегнеме стресот и ситуациите кои нѐ лутат, експертите дојдоа до изненадувачко откритие: умерената лутина може да има позитивни ефекти врз здравјето.

Истражувачи од Универзитетот во Мексико тврдат дека лутење од околу половина час дневно го намалува стресот и ја подобрува работата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем. Причината е во неврохемиските процеси кои се случуваат во мозокот за време на гнев.

Кога се лутиме, се зголемува производството на допамин – хормон кој го стимулира мозокот и создава возбуда во невроните. Истовремено се ослободува и норепинефрин, кој го забрзува срцевиот ритам и го зголемува крвниот притисок. На овој начин гневот го активира мозокот, но и дел од внатрешните органи, па не секогаш е толку штетен како што се мисли.

Сепак, клучна е умереноста. Научниците предупредуваат дека ако гневот трае подолго од 30 минути дневно, ефектите може да бидат спротивни. Телото тогаш произведува кортизол, познат како хормон на стрес, кој во поголеми количини може да предизвика сериозни последици – побрзо дебелеење, висок притисок, проблеми со холестерол, нарушен имунитет и тешкотии со спиењето.

Freepik

Можеби ќе ве интересира: