
Секоја болка минува – бабината мудрост што лечи срца и гради силни жени
„Бабо, ме боли што сè меѓу нас заврши…“ – прашањето на едно младо девојче и одговорот што го доби е лекција која секоја жена треба да ја слушне барем еднаш во животот.
Секој крај е тежок, но токму во тие моменти лежи семето на новиот почеток. Бабата, со својата длабока мудрост, потсетува дека ништо не е вечно – ни болката, ни солзите. „Ќе бидеш нова жена, силна и непокорлива. Но ако ја изгубиш вербата во љубовта, тоа ќе биде најголемата грешка.“
Таа порака е потсетник дека дури и кога срцето е скршено, не смееме да дозволиме болката да нè претвори во лед. Добрината во нашето срце е најголемото богатство, а љубовта – иако некогаш сурова – секогаш повторно се враќа.
„Секој крај е нов почеток. Биди трпелива, бидејќи трпението секогаш е наградено. По секој пороен дожд изгрева сонце – тоа е закон!“
Мудрост што инспирира, потсетува и носи надеж: по секоја загуба доаѓа нова радост, а секоја жена може повторно да се издигне – како феникс.