
Се огласи претепаната пејачка од „Ѕвездите на Гранд“: Може да има само еден мотив за ова насилство
Пејачката и некогашна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Марина Маки Радосављевиќ била претепана завчера во Врњачка Бања, каде што живее. Марина пристигнала околу 19:30 пред локалот во кој требало да настапува, а потоа забележала двајца сомнителни мажи. Иако, како што раскажува за „24седам“, првично помислила дека се случајни минувачи, нешто ѝ било сомнително, а потоа и пришле, ја испрскале со солзавец и почнале да ја тепаат.
Засега мажите се напознати за јавноста, бидејќи преку лицето имале хируршки маски, па така Марина не можела да им го види лицето, а како што вели биле облечени во широки, црни јакни.
„Преплашена сум, се плашам за својата безбедност. Никогаш не сум имала било каков конфликт со некој, а камоли овој вид. Немам идеја кој би можел да нарача вакво нешто, а сигурна сум дека знам дека е тоа во прашање. Му пречам на некој, а поради што не знам... На памет ми доаѓа само некој вид љубомора како мотив“ - раскажа Марина, кој аистакнува дека се чувствува небезбедно.
„Тие ме прскаа со солзавец, во крја каде што нема никој во тоа време, ниту минувачи, а најверојатно ни камери. Се плашам дека некој стои зад нив, дека имале некој кој им го наредил тоа, а се сомневам дека ќе бидат пронајдени“ - вели пејачката за „24седам“ и додава:
„Силно ме тепаа, имам скршеница на раката. Секаде, и на лицето. Тие не се откажаа ни кога дојде некој, туку тогаш кога одлучија да престанат. Потоа поминаа преку коритото на реката, во непознат правец, а јас останав да лежам беспомошна, не можев да се движам, само офкав и плачев. На крајот, бидејќи никој не ме слушна, собрав сили да отидам до локалот и им тропнав на прозорецот, а потоа тие изгледоа и ми помогнаа“.
Марина исто така во оваа исповед призна дека забележала нешто сомнително изминатите денови:
„Јас забележав едно момче, кое инаку важи за градски мангуп и шпиун, како со автомобилот кружи по мојата улица со денови. Тоа ми беше сомнително, но не му придавав многу внимание, не ни претпоставував дека нешто вакво може да се случи“.
Можеби ќе ве интересира:
