Постојана жед и сува уста ве праќа директно на ендокринолог: Не ги игнорирајте овие пет симптоми

Постојана жед и сува уста ве праќа директно на ендокринолог: Не ги игнорирајте овие пет симптоми

Објавена во: Совети // Вежбаме

Хормоните се како невидлив диригент на твоето тело – не ги гледаш, но тие управуваат со речиси сè: енергијата, расположението, апетитот, па дури и сонот.

А кога таа деликатна музичка партитура ќе се наруши, телото знае да ти испрати многу јасни, понекогаш и драматични сигнали. Ако се препознаеш во некоја од овие ситуации, можеби е време да му се обратиш на специјалист – ендокринолог – кој може да „преведе“ што всушност твоето тело се обидува да ти каже.

1. Необјаснив замор кој те следи насекаде

Ова не е онаа вообичаена исцрпеност по напорен ден, туку чувство како некој да ти ги „извлекол батериите“ – без разлика колку спиеш или одмараш. 

Може да биде знак за забавена работа на тироидната жлезда или проблем со кортизолот. Едноставен крвен тест може да го открие причинителот и да ти ја врати енергијата.

2. Мистериозни промени во тежината

Килограмите што се појавуваат (или исчезнуваат) без никаква причина не се секогаш резултат на исхраната. Хормоните на тироидната жлезда или инсулинот можат целосно да го сменат метаболизмот и начинот на кој телото троши и складира енергија.

3. Расположение „на рингишпил“

Сите имаме лоши денови, но ако расположението ти се движи нагоре-надолу како на забавен парк – со нервоза, анксиозност или тага без јасен повод – виновни може да бидат хормоните.

4. Менструален циклус со „сопствен план“

Прескокнување на менструација, пообилни крварења или повеќемесечни изостанувања често укажуваат на хормонален дисбаланс, како синдром на полицистични јајници или проблеми со тироидната жлезда.

5. Постојана жед и суви уста

Ако постојано посегаш по вода и често одиш во тоалет, телото можеби сигнализира дијабетес. Раното откривање може да спречи сериозни компликации.

Извор: zenskimagazin.rs / Фото: Freepik.com

Објавена во: Совети // Вежбаме

Можеби ќе ве интересира: