
Пејачот го донесе сопругот од Америка во родниот град на Балканот: Синот на политичар прошета под рака со сопругот по црвениот тепих
Фуад Баковиќ Дин, поп пејач со потекло од Босна и Херцеговина, веќе со години живее во Соединетите Американски Држави со сопругот Вил Фарсон Трети, а сега заедно се појавија на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево.
„Имам работа и многу сериозни обврски во Америка и не можам толку често да доаѓам. Никогаш не сум рекол „не“ на музиката, ќе видиме што ќе се случи во иднина – таа е на ‘стенд бај’. Не бегам од музиката, и би сакал БиХ да се врати на сцената на Евросонг и ако тоа се случи, би сакал да бидам дел од тимот, не како изведувач, туку некој што ќе помогне со искуството и знаењето“, изјави Дин за „Аваз“.
Пееше и во опера
Дин почнал да се занимава со музика на 12-годишна возраст, а во 1997 година станал фронтмен на бој-бендот „Seven Up“. Во 1998 добил понуда да настапува со оперски хор.
Неговите вокални способности биле забележани од Националниот театар на БиХ, по што прифатил да учествува во операта „Carmina Burana“ од Карл Орф.
Од музика кон мода и брак во Лос Анџелес
Инаку, таткото на пејачот е босанско-херцеговскиот политичар Заим Баковиќ, но Дин порано изјави дека тоа не му донело никакви привилегии. По седум години во Милано, се преселил во Лос Анџелес, каде и денес живее и ја пронашол љубовта.
Веќе некое време е во врска со уметничкиот продуцент Вил Фарсон, со кого, според медиумите, се венчал. Заедно се впуштиле во модниот свет и пред неколку години ја претставиле првата колекција чанти. Извесен период Дин работел и како стилист за венчавки.
Извор: Mondo.rsМожеби ќе ве интересира:
