
Овој метод ја менува играта: Еве како совршено да ги пополните веѓите да изгледаат густо и природни - ВИДЕО-
Еве како да ги пополните веѓите природно и без грешки!
Без разлика колку се трудите да ги наполните веѓите со молив, сенка за очи или гел, често се случува конечниот резултат да не е баш онаков каков што сме го замислиле. Празнините меѓу влакната сè уште ѕиркаат, и наместо уредна и полна форма, веѓите не изгледаат онака како што сте сакале.
Цртањето и полнењето на веѓите може да биде фрустрирачко, особено кога вложуваме време и труд, а огледалото сè уште покажува нешто друго. Токму затоа ви носиме метод кој навистина го спасува денот. Идејата е всушност многу логична, наместо бојата да се нанесува на самата коса, таа се нанесува на кожата под неа. На овој начин, веѓата изгледа погуста, но природна.
Клучот е да го поставите прстот на надворешниот раб на веѓата и да го повлечете кон центарот на лицето, спротивно од насоката на раст. Така, влакната се одделуваат, откривајќи празни места кои потоа ги пополнуваме со боја. Резултатот е ефикасен, уреден и природен. Веѓите добиваат полнота и не изгледаат нацртани.
@nuurtoks I’ve actually been doing this for the longest time but please tag the creator that reminded me to share this hack with you all
Breakin dishes - Megan