Ова е официјално најздравиот појадок на светот: Лесно се приготвува, а вкусот ќе ве воодушеви

Појадокот е најважниот оброк во денот, но често го прескокнуваме поради брзање или се одлучуваме за нездрава опција.
Сепак, постои едноставен и вкусен појадок кој не само што помага во слабеење, туку и го зајакнува имунитетот и обезбедува енергија за целиот ден.
Белградската нутриционистка д-р Ана Јовановиќ советува:
„Овесните снегулки се богати со растителни влакна кои го забавуваат варењето и го продолжуваат чувството на ситост. Со додавање на здрави масти и протеини, добиваме целосен оброк.“
Состојки за совршен појадок:
- 
3 лажици интегрални овесни снегулки 
- 
1 мала лажичка чиа семе или мелено ленено семе 
- 
150 мл растително млеко или јогурт 
- 
1 мала лажичка мед или јаворов сируп 
- 
Свежо овошје по избор (банана, боровинки, јагоди) 
- 
Прстофат јаткасти плодови (ореви, бадеми) 
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во стаклена тегла или чинија и оставете ги во фрижидер преку ноќ. Наутро добивате хранлив и освежувачки појадок, подготвен за носење на работа или за уживање дома.
Зошто овој појадок е идеален?
Влакната од овесот и семињата го забавуваат варењето, го намалуваат апетитот и помагаат во контролирање на телесната тежина.
Здравите масти од јаткастите плодови и медот го поддржуваат функционирањето на мозокот и имунитетот. Појадокот е богат со витамини и минерали, што го зајакнува целото тело.
Совети за најдобар ефект:
- 
Користете интегрални, необработени снегулки. 
- 
Наместо шеќер, одберете домашен мед. 
- 
Додадете малку цимет за забрзување на метаболизмот. 
- 
Сменете го овошјето според сезоната – на пазарите низ Македонија лесно ќе најдете свежи и достапни опции. 
Извор: Еспресо
