Од студентска клупа до работно место – приказната на Анамарија со програмата за стипендисти на КС Групација

Од студентска клупа до работно место – приказната на Анамарија со програмата за стипендисти на КС Групација

Замислете да сте студент кој сонува за успешна кариера, а уште додека студирате ви се отвораат вратите кон вистински работни искуства. Тоа не е само идеја, туку реалност што веќе третата година по ред ја нуди КС Групација преку својата Програма за стипендисти – во соработка со образовните институции.

Програмата на КС Групација им овозможува на најдобрите студенти не само финансиска поддршка за време на студиите, туку и летна пракса во една од нашите компании. Таму, теоријата од факултетските клупи се претвора во реална практика – со вистински луѓе, вистински проекти и вистински предизвици. А најдобрите приказни не завршуваат со праксата – тие продолжуваат со вработување.

Така започна и патувањето на Анамарија. Минатото лето, таа ја помина својата пракса во Евротип, а денес веќе е дел од нашиот тим. Од студентска клупа – до работна маса. Од теорија – до професионална пракса. Од сон – до реалност.

Интервју со Анамарија – од студент до дел од тимот на Евротип

На кој факултет студираше и во која насока?
“ Студирав на Меѓународен Славјански Универзитет, на Факултетот за економија и организација на претприемништво, насока менаџмент и претприемништво.”

Колку од тоа што го учеше на факултет успеа да применеш во пракса?
“ Голем дел од теоретското знаење што го стекнав на факултет ми помогна полесно да се вклопам во практичната работа.”

Какво беше чувството првиот ден во Евротип и како изгледаше твоето искуство за време на праксата?
“ Првиот ден бев возбудена и со мала трема, но тимот на Евротип многу топло ме пречека и ми помогна брзо да се прилагодам. За време на праксата имав можност да се запознаам со реалното функционирање на една голема компанија,со различни оддели и процеси. Секој ден носеше нови предизвици и нови знаења.”

Што најмногу научи и што ти остави најсилен впечаток?
“ Најмногу научив колку е важна тимската работа и комуникацијата во една компанија. Секој вработен има своја улога и кога сите заедно функционираме како тим, резултатите се далеку подобри. Најсилен впечаток ми остави професионалниот однос и посветеноста на колегите, кои и покрај големиот обем на работа секогаш беа подготвени да помогнат.”

Како изгледаше процесот од пракса до вработување?
“ Процесот од пракса до вработување беше многу мотивирачки. За време на праксата имав можност да се запознаам со работните процеси и со тимот на компанијата, а исто така работев и на реални задачи. Тоа ми помогна побрзо да се прилагодам и без проблем да продолжам како дел од тимот.”

Што би им порачала на идните стипендисти кои ќе ја започнат својата пракса преку програмата на КС Групација?
“Би им порачала да бидат отворени за нови искуства. Практичната работа е најдобар начин за учење и развивање на вештини кои не се стекнуваат од книги. Да бидат посветени, активни и да ја искористат оваа можност максимално, затоа што праксата може да им отвори врати кон нивната идна кариера.”

Порака до идните генерации

Приказната на Анамарија е доказ дека младите таленти имаат простор да растат и да блеснат тогаш кога ќе им се даде вистинска шанса. А ние во КС Групација веруваме дека вложувањето во младите е најдобрата инвестиција за иднината – и на компанијата, и на заедницата.

Затоа, ако сте студент кој сака да го претвори учењето во искуство, аплицирајте. Можеби токму вашата приказна ќе биде следната што ќе ја раскажеме. Повеќе информации околу програмата за стипендирање тука.

КС Групација – семејство на компании

КС Групација е динамична и растечка бизнис заедница составена од повеќе компании кои делуваат во различни области:

Компаниите што ја сочинуваат КС Групација се: Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејмент.

Наместо само програма, ова е патување. Наместо само пракса, ова е приказна што веќе пишува нови поглавја.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира: