#НИКОГАШ ПОВЕЌЕ САМА : Зошто се бориме за менструална правда?

„Здраво! Јас сум твојата Bestie и тука сум за сите прашања кои ги имаш за твоето менструално здравје за никогаш повеќе да не бидеш сама“ ! Секоја од вас која го чита овој текст, сигурно некогаш и некаде се има почувствувано непријатно додека имала менструација – можеби ви протекло на фармерките, сте се срамеле и сте ги криеле своите влошки и тампони под маица, во џеб, по чанти и несесери... Но зошто да се криеме? Од каде потекнува тој срам за еден нормален и природен процес низ кој поминува секоја девојка и жена...?
Менструална правда – право на достоинство, здравје и еднаквост
Во многу средини, менструацијата сè уште е тема обвиена со табуа, тишина и чувство на срам. Кога зборуваме за менструална правда, зборуваме за еднаквост – за еднаков пристап до менструални производи, точни информации и соодветни здравствени услуги за сите жени и девојки. Зборуваме за општество во кое нема менструална сиромаштија и ниту една девојка не мора да избира меѓу хигиенски производ и оброк, ниту да се срами од нешто што е природен биолошки процес и дел од нејзиното менструално здравје. Менструалната правда подразбира редовна, достоинствена и безбедна нега за време на менструалниот циклус. Истражувањата покажуваат дека една третина од испитаните девојки, наместо влошки биле принудени да импровизираат со алтернативни решенија како крпи или тоалетна хартија само затоа што нема пристап до основни хигиенски производи. Секоја девојка заслужува сигурно и спокојно да ги поминува менструалните денови и да нема финансиски ограничувања.
Знаењето и отворениот разговор – клуч до самодоверба и менструално здравје
Девојките често немаат доволно информации за своето тело, а во некои случаи и немаат пристап до основни хигиенски производи. Недостигот од образование и ресурси може да предизвика изолација, пропуштени училишни денови и чувство на неприфаќање, влијаејќи негативно на самодовербата и психолошкото здравје. Затоа е од клучно значење родителите, училиштата и медиумите да преземат активна улога, да ги разбијат митовите и стигмата околу менструацијата и да обезбедат пристап до точни информации и потребни производи.
Менструацијата не треба да биде извор на срам или тишина, ниту да влијае негативно на вашето расположение, самодоверба или секојдневие. Таа е природен дел од животот и важен показател за здравјето на секоја жена. Кога се зборува отворено, без страв и стигма, се создава средина во која секоја девојка може да се чувствува поддржано и информирано. Само така менструацијата ќе престане да биде товар и ќе стане прифатен дел од грижата за себе и за своето здравје.
#НИКОГАШ ПОВЕЌЕ САМА е слоганот на проектот започнат во октомври 2024 со кој компанијата dm сака директно да влијае на намалување на менструалната сиромаштија во Македонија. Во академската 2024/25 година беа поставени над 200 диспанзери и донирани 230.000 бесплатни Jessa влошки на сите факултети во земјата. Во 2025/26 година, dm и Bestie продолжуваат со поддршката преку нова донација од повеќе од 260.000 влошки за студентките. Со тоа dm инвестирашедосега повеќе од 1,8 милион денари во проект за намалување на менструалната сиромаштија во земјата.
И не заборавајте, никогаш не сте сами – Bestie е тука за вас, а dm е тука за вас обете!
ПР објава