„Немам поим што се случи“: Низ смеа ја покажа морничавата кожа по летувањето, ова може да биде опасно по живот

„Немам поим што се случи“: Низ смеа ја покажа морничавата кожа по летувањето, ова може да биде опасно по живот

Објавена во: Мода // In and Out

„Имам најчудна кожа на ногата. Од едната страна е нормална, а од другата како да е рептилска – сјајна, мазна, без влакна. Немам поим зошто е така, навистина не разбирам“, рекол еден маж во видео кое стигнало и до докторот Мајр Фигера.

Опуштениот тон со кој мажот ги опишувал своите промени бил причината поради која докторот веднаш се огласил.

„Ако имате ваков проблем, многу е можно да постои затнување на крвните садови во една или двете нозе. Тоа го блокира протокот на крв до ткивото, поради што фоликулите на влакната одумираат, а масното ткиво се намалува. Затоа кожата добива тој необичен, сјаен изглед без влакна“, рекол докторот.

Лекарот додал дека оваа промена на кожата не е само козметички проблем.

„Најголемиот ризик е што наслагите кои ја предизвикуваат оваа блокада, можат да се создаваат и во други делови на телото, вклучително и во срцето и мозокот. Тоа може да доведе до срцев или мозочен удар, кои можат да настапат ненадејно и да бидат опасни по живот.

Затоа е многу важно сите кои ќе забележат вакви симптоми, веднаш да побараат лекарска помош. Не ги игнорирајте промените на кожата, бидејќи тие можат да бидат знак за сериозни здравствени проблеми кои бараат итна дијагноза и лекување“, предупредил докторот.


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: