Не медицината не може да објасни: Чудни појави се случуваат во телото ако престанете да јадете шеќер

Не медицината не може да објасни: Чудни појави се случуваат во телото ако престанете да јадете шеќер

Објавена во: Совети // Вежбаме

Иако многумина знаат дека прекумерниот внес на шеќер негативно влијае на здравјето, на повеќето им изгледа речиси невозможно целосно да го исфрлат од исхраната. 

Сепак, сè поголем број луѓе пробуваат „безшеќерни диети“, популарни на социјалните мрежи, а лекарите предупредуваат на значајните промени што можат да се случат во организмот за само две недели без шеќер.

Што се случува со телото без шеќер?

Лекарот д-р Ерик Берг објаснува дека на почетокот може да почувствувате силна желба за благо, но со време апетитот се намалува. Телото почнува да ги користи масните резерви како енергија, што резултира со повеќе енергија и подобро расположение.

 Можно е првите денови да има промени во расположението поради намалено лачење на допамин, како и симптоми како раздразливост, замор, главоболка или мачнина – кои се дел од процесот на детоксикација и исчезнуваат со време.

Физички и здравствени придобивки

По адаптацијата, се подобрува концентрацијата, се намалуваат воспаленијата, а кожата станува поздрава и посјајна. Намалувањето на внесот на додадени шеќери го намалува ризикот од зголемена телесна тежина, помага во контрола на апетитот и го спречува прејадувањето.

Подобар кардиоваскуларен профил

Намалениот внес на шеќер доведува до пониски нивоа на триглицериди – масти во крвта поврзани со срцеви заболувања. Дури и без значајно слабеење, помалиот внес на шеќер го намалува ризикот од срцеви проблеми.

Здрави заби

Шеќерот е главен извор на храна за бактериите што предизвикуваат расипување на забите. Со негово намалување, особено од газирани пијалаци и засладени шejкови, се успорува или запира развојот на кариес и други орални проблеми.

Овие придобивки покажуваат дека дури и краток период без додаден шеќер може значително да го подобри здравјето и благосостојбата.

Извор: Еспресо


Објавена во: Совети // Вежбаме

Можеби ќе ве интересира: