
Можеби сум лоша мајка, но живеам за излегувањата во сабота: Не ги разбирам луѓето опседнати со деца, мене ми треба одмор
Една мајка призна дека не ги разбира родителите кои се опседнати со своите деца и додаде дека живее за викенд излегувања во градот.
Кога имате дете, вашиот живот навистина се менува за 180 степени. Некои се подобри во овa и уживаат во нив повеќе од другите, а има и такви кои сакаат да задржат некои стари навики дури и откако ќе станат родители.
Луси Александра е самохрана мајка од Западен Јоркшир која сè уште ужива да излегува во градот секоја сабота. Но, не само што ужива во тоа, туку тврди дека „не ги разбира луѓето кои се опседнати со своите деца“, нагласувајќи дека понекогаш „има потреба од одмор“ од својот син, иако го „обожава“.
Во видео на TikTok, таа отвори оган кон мајките кои признаваат дека им е тешко да бидат одвоени од своите деца дури и за една вечер.
„Ова е она што не е во ред со многу работи денес – луѓето се опседнати со своите деца, тотално опседнати и тоа е премногу“, почна Луси. Таа верува дека е многу важно да „го оставите детето да биде слободно од вас една вечер“ и дека „тоа ќе биде добро за двајцата“.Иако призна дека „секој има различно мислење“ за ова, таа додаде дека се чувствува одлично и едвај чека да помине време подалеку од својот син со алкохол. Мајката објасни дека е многу возбудена за претстојното излегување во сабота навечер со својата пријателка: „Едвај чекам да не морам да го успивам детето, едвај чекам да станам кога сакам, едвај чекам да гледам што сакам на телевизија за промена“.
Покрај тоа, оваа мајка призна дека нема да размислува за фактот дека „едвај чека да се врати дома кај својот син“ додека е отсутна. Таа истакнува дека што и да сака да прави со својот син, може да го прави во недела, за да не мора да размислува за него додека е надвор.
„Наречете ме лоша мајка, наречете ме што сакате - мое дете, го обожавам, тој е целиот мој свет - но дали понекогаш ми треба одмор? Апсолутно, ми треба“.
@lucymawson92 #singlemum #momsneedabreak #opinion #hometruth #singlemom original sound - Lucy
Луси потоа рече дека смета дека е „апсолутно лудо и нездраво“ да се биде „опседнат со деца“.
„Знам дека ќе ме нервираат коментарите од сите вас мајки на TikTok кои не можете да поднесете да бидете далеку од вашите деца - јас сум самохрана мајка, па дали сакам да излегувам за време на викендите и малку да се забавувам? Да, со тоа мислам да се опуштам и да се напијам неколку пијалоци.“
Мислењата на луѓето се поделени
Нејзиниот став, како што се очекуваше, ги нервираше многумина, но секако има и такви кои ја поддржуваат.
„Се радувам на ноќта само за себе и да спијам“, „Навистина е потребна пауза“, „Девојко, целосно се согласувам со тебе. Како овие родители очекуваат нивните деца да живеат во светот?! На децата апсолутно им треба време далеку од своите родители, толку им е добро!“, напишаа следбениците на Луси.
„О Боже, да!!! На секого му треба пауза, пауза како што ја нарекувам јас!! Ги мразам овие луѓе кои се толку вознемирени кога се далеку од своите деца“.
Од друга страна, за некои, нејзиниот став воопшто не е јасен.
„Замислете да чекате години за да забремените, а потоа конечно да имате бебе и не ви е дозволено да се опседнувате со тоа... Ги почитувам вашите ставови и одлуки и вие треба да ги почитувате нашите“, ѝ рекла една мајка.
„Што е лошо во тоа да го сакате вашето дете и да сакате да бидете со него, за да не ви недостасува ништо?“, прашала еден од родителите.
„Не сум излегувала со партнерот 10 години. Едноставно сум посреќна дома со нив“, рекла една мајка.
„Опседната сум со моето дете и не ми е гајле затоа што ова е животот што го избрав“, заклучила една од мајките во коментарите.
Фото:Freepik.com/ ПринтскринИзвор: Yumama.mondo.rs