Ќерката на Саркози шокира со својот изглед, луѓето се згрозени: Има 13 години, а погледнете што носи!!!

Ќерката на Саркози шокира со својот изглед, луѓето се згрозени: Има 13 години, а погледнете што носи!!!

Ќерката на поранешниот француски претседател Никола Саркози и неговата сопруга, поранешната манекенка Карла Бруни - Џулија Саркози, веќе неколку дена е тема на светските медиуми. Таа привлекува сè поголемо внимание со својот изглед. Девојката има 13 години, но изгледа дупло постарo.

Токму поради својот изглед, таа стана една од најкоментираните тинејџерки во Европа, но не во позитивно светло. Јулија, која е родена во октомври 2011 година, носи екстензии, вештачки трепки, тешка шминка и користи крем за самопотемнување. Некои се согласуваат дека тоа е природна фаза од растењето, но други мислат дека е погрешно за 13-годишно девојче.


Јулија стана активна на Инстаграм пред околу две години и првично споделуваше само фотографии со коњи и снимки направени додека јаваше. Сепак, наскоро почна да објавува селфиња направени пред огледало, со вештачка коса и во кратки маички што го откриваат нејзиниот стомак. Затоа многумина ја споредуваа со девојки кои се многу постари од неа.


„Нокти, трепки, тен - има 13 години, а изгледа како да има 25“, „Кога мама ќе излезе од дома и ќе се соочиш со царството на козметиката“, „Мајка ми би ме критикувала што имам такви трепки. Веројатно веднаш би ги тргнала“, „Изгледа како 30-годишна жена која не може да се контролира со руменило“, се само некои од коментарите за нејзиниот изглед.

Се чини дека нејзината мајка Карла нема проблем со изгледот на нејзината ќерка, па дури и самата ја однела во салон каде што направила екстензии.



Можеби ќе ве интересира: